Вучиќ по средбите во Брисел: Србија не може да прифати независност на Косово и членство во ОН

од Vladimir Zorba
301 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ им се обрати на граѓаните на Србија по средбите со европските претставници во Брисел, на маргините на самитот на Европскиот совет.

– На средбите разговаравме за сите клучни теми. Србија не може да прифати членство на Косово во ОН, ниту независност на Косово. Рековме дека документот што го добивме во Белград на 21 октомври е добра основа за во иднина. Целосно сме подготвени за формирање на ЗСО. Денеска на сите им е јасно дека не се работи за некакви потписи, туку за тоа што е договорено во меѓувреме и што е потпишано претходно. Сакаме мир и ќе мора да постигнеме напредок, бидејќи на сите во Европа ќе им биде јасно кој го кочи напредокот – рече Вучиќ и додаде:

-Тој документ се однесува исклучиво на формирањето на ЗСО. Не можам да зборувам за детали бидејќи таков е договорот. Тоа е цврста основа и ние сме подготвени да работиме и веднаш да почнеме да го спроведуваме. Подготвени сме и знаеме кои се нашите обврски, од печати, таблички,… Многу сме блиску до договор за енергетиката. Утре Електросевер има средба во Скопје. Работиме на оваа работа и се трудиме да се однесуваме одговорно.

Вучиќ истакна дека е тешко да се разговара на исто ниво со оние кои ја избрале независноста на Косово.

– Секогаш кога се повикувате на Повелбата на ОН, на резолуциите на ОН, како што гледате во случајот со Израел и Палестина, сите се повикуваат на ОН. Кога станува збор за Србија, сите сакаат да се извлечат од Повелбата на ОН и во таа смисла, позицијата на Србија е исклучително тешка и мислам дека нема да биде полесно во иднина. Србија има со што да се гордее. Ќе се бориме за опстанок, ја чуваме резолуцијата 1244 и го почитуваме меѓународното право – рече Вучиќ.

Тој рече дека никој не ги спомнал санкциите кон Србија и додаде дека кога некој е сериозен знае дека не може да носи одлуки наместо ЕУ или САД.

Слични содржини