Српскиот претседател Александар Вучиќ говорејќи за барањата на студентите кои 24 часа ја блокираа белградската населба Автокоманда рече дека е подготвен, за оние кои тоа го сакаат, да потпише решение за помилување од кривично гонење.
Зборувајќи за барањата на студентите, вклучително и отфрлање на обвиненијата против уапсените и приведените за време на протестите, Вучиќ рече дека е подготвен да потпише помилување.
„Тринаесет студенти и професори се кривично гонети и за сите е предвидена одлука за помилување. Никогаш не сум донел одлука за помилување, секогаш е ризично, не можете да ја земете правдата во свои раце, тоа ја отвора Пандорината кутија. Чекавме обвинителството да отфрли дел од кривичните пријави, постои основано сомнение дека сториле кривични дела. Ќе бидам подготвен, доколку нема друго решение, согласно законот, без разлика што за принципиелно разбирам колку е важно, ќе бидам подготвен за оние кои сакаат да потпишат помилување од кривично гонење и тоа ќе го направам најдоцна до среда. Останува уште барањето за прекршочните дела, а тоа е за МВР“, кажа Вучиќ.
Шефот на српската држава дека Јавното обвинителство покренало кривична постапка против 37 лица за напади врз студенти и професори. Против 26 лица се покренати во Белград, осум во Нови Сад, двајца во Шабац и едно лице во Вршац, информира Вучиќ, оценувајќи дека со тоа е исполнето второто барање на студентите.
Претседателот изјави дека е објавена целата документација во врска со настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, која се урна на 1 ноември и усмрти 15 лица.
„Министерството објави релевантна документација, особено она што тие сметаат дека е поврзано со кривични дела. Веб-страницата на Владата содржи повеќе од 13.000 документи. Ниту објавената документација не беше доволна, излегоа и ги прецизираа барањата во првата точка, систематизирајќи ги на дури 24 точки. Направивме дополнителен напор да провериме што имаме. Полицијата отиде кај сите кооперанти и собра документација, останаа уште седум договори за подизведувачи со подизведувачи. Испорачавме се што имавме. Ова е лекција и за нас, да не мислиме дека е можно некој да направи нешто делумно, некој да сокрие документ, туку дека се мора да биде целосно транспарентно“, рече Вучиќ.
Вучиќ меѓу другото најави дека на земјата и потребна итна реконструкција на владата. За в среда закажана седница за гласање доверба на владата.
„Во овие тешки политички времиња стана јасно кој е подготвен да работи и да се бори, а кој не е. Соодветно на тоа, очекувам повеќе од 50 отсто од министрите да бидат сменети во многу, многу итна реконструкција на владата“, соопшти српскиот претседател кој беше придружуван од спикерката на Собранието, Ана Брнабиќ и српскиот премиер Милош Вучевиќ.