Вучиќ потврди: Грција не го менува ставот

од Stefanija Kuzmanovska
401 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на посетата на Атина се сретна со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис.

„Имав добар и пријателски разговор со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, со кого разменив мислења за севкупната регионална соработка, глобалните прашања и односот на Грција кон ситуацијата на Косово. Нашите грчки пријатели уште еднаш потврдија дека нема да има промени во официјалниот став за прашањето за непризнавање на еднострано прогласената независност на Косово. Ќе продолжиме да работиме на зајакнување на нашата соработка во сите области од заемен интерес“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Слични содржини