210
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека досега се предадени над 3.000 парчиња оружје и десетици илјади куршуми од различен калибар и додаде дека ова е добра вест.
Тој за „Пинк“ навел дека тоа е важно за Србија, иако, како што вели, знаел дека многу луѓе ќе се налутат поради оваа акција.
„Обезбедивме големо присуство на полицајци во училиштето, а реакциите се позитивни и од родителите и од наставниците. Наставниците сега ќе имаат поголеми права, децата нема да можат да ги туркаат од столчињата, да се однесуваат како насилници“, кажа тој.