277
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска точно во 10 часот ќе распише вонредни парламентарни избори за во недела, на 17 декември.
Претседателот ќе ја потпише одлуката за избори и ќе се обрати пред граѓаните, соопшти Претседателството.
Според законот, сите рокови за избори почнуваат од моментот на објавување.
Кампањата ќе трае до 14 декември на полноќ, кога ќе започне изборниот молк. Сите гласачи, полнолетни државјани на Република Србија, ќе можат да гласаат на своите избирачки места во недела на 17 декември од 7 до 20 часот.
Претходните парламентарни избори во Србија се одржаа на 3 април минатата година. На тие избори убедливо победи листата предводена од Александар Вучиќ.