159
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по трилатералната средба во Брисел истакна дека разговорите завршиле неуспешно во однос на патот кон нормализацијата бидејќи премиерот на Косово, Албин Курти не сакал да го прифати компромисниот предлог на ЕУ.
„На Косово и Метохија има многу повеќе инциденти отколку порано, тоа го истакнавме. Србија беше конструктивна, ќе видиме како ќе се одвиваат работите во иднина“, рече Вучиќ.
Како што рече, Србија го прифатила компромисниот предлог на ЕУ, иако не ни е лесен, но Курти не сакал да го прифати.