Вучиќ: Светот се соочува со две сценарија – трета светска војна или мир во Украина

Ако се оди во насока на конфликт, додава српскиот претседател, никој ништо не би добил.

од Бети Божиноска
367 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ, по денешната средба со премиерот на Баварија, Маркус Зедер, оцени дека светот се соочува со две сценарија – конфликт на големите сили со размер на Трета светска војна или долгорочно примирје во Украина ако вече не е можен траен мир, пренесува „Политика“.

„Едното сценарио е дека Западот ќе тргне кон целосен конфликт со Русија бидејќи не е сосема лесно да се запре руската армија на терен, а второто е дека со помош на САД и Кина би се воспоставило некакво долгорочно примирје, ако не и траен мир, што би значело огромно олеснување за светот“, рече Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање дали, според него, светот е на работ на трета светска војна.

Ако се оди во насока на конфликт, додава Вучиќ, никој ништо не би добил.

„Се плашам дека по Првата светска војна, која ја нарековме Големата војна, и Втората светска војна, во која имаше најмногу жртви, овој нов конфликт нема да донесе повеќе жртви, што би било незамисливо во 21 век, особено ако се имаат предвид нуклеарните капацитети на спротивставените страни“, рече Вучиќ.

„Во секоја смисла, тоа би нè погодило на безбедносен, економски и на политички план. Мораме да бидеме подготвени за двете решенија и брзо се приближуваме кон едното или другото, а тоа ќе го знаеме во следните 100 дена,“ посочи српскиот претседател.

Слични содржини