Вучиќ уште еднаш одби формирање на преодна влада

од Nikola Popovski
360 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека „во главата“ на известувачот за Србија во Европскиот парламент, Тонино Пицула, владее „трајна вонредна состојба“.

„Тој има постојана вонредна состојба во главата, а таа е прогласена одамна. Истото е и кај многумина во Хрватска“, рекол Вучиќ при работни активности на српската Влада.

Тој го изјави ова како одговор на изјавата на Пицула дека српската влада не одговорила на барањата на сите демонстранти во последните месеци, па може да се каже дека „Србија е во непрогласена вонредна состојба“.

Вучиќ информира дека во вторник во Брисел ќе се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, а како одговор на писмото од група европратеници кои се противат на одржувањето на состанокот, рече дека „во Србија граѓаните ќе ја изберат владата“.

Група од 31 член на Европскиот парламент ја повикаа Фон дер Лајен во писмото да ја преиспита нејзината намера да се сретне со Вучиќ и наместо тоа да го искористи моментот да каже дека „на Србија итно ѝ е потребна преодна влада“. Вучиќ на ова порачал:

„Преодна влада, мислите влада на Ѓилас? Они нека ги изберат Шидер и другите, но овде ќе се прашаат граѓаните на Србија. Ако можат да ги изберат, нека ги изберат, но, што се однесува до мене, јас нема да учествувам во таа работа. Видов дека тие побараа (Фон дер Лајен) да не ме прима и да не зборува со мене“.

Слични содржини