Претседателот Александар Вучиќ изјави денеска дека ситуацијата на Косово е ужасно тешка и дека „се трудиме да го зачуваме мирот речиси по секоја цена“. Тој истакна дека се надева дека ЕУ и САД ќе имаат доволно сила да ги вразумат оние кои се однесуваат нерационално.
„Тоа е ужасно тешка ситуација за нас, ние се обидуваме да го зачуваме мирот речиси по секоја цена, но имаме работа со луѓе кои по секоја цена не сакаат да има мир. Во секој случај, треба да се бориме и да се потпреме на здравиот разум. Се надевам дека ЕУ и САД ќе имаат доволно сила да ги вразумат оние кои се однесуваат нерационално, ништо повеќе од тоа“, рече Вучиќ.
Тоа е мојата единствена надеж, додаде претседателот на Србија, одговарајќи на новинарски прашања на заедничката конференција со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, која престојува во Белград.