Вучиќ: Во Белград освоивме 52 отсто од гласовите

од Vladimir Zorba
477 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва изјави дека изборната листа собрана околу Српската напредна странка освоила 52 отсто од гласовите во Белград и дека сигурно победила во 15 од 17 белградски општини.

На прес-конференција во седиштето на СНС, Вучиќ рече дека победите во Нови Сад и Ниш се неверојатно убедливи.

„Најубедливата победа беше во Пеќинци, каде освоивме 86 од гласовите со излезност од 78 проценти, што е речиси неверојатно. Победата во Нови Сад беше неверојатна и неверојатно убедлива. И сакам да честитам, заедно со честитки за Александар Шапиќ, сакам да му честитам на професорот Туркулов, бидејќи таква победа во Нови Сад, каде што освоивме 45 мандати и добивме речиси 53 отсто од гласовите“, рече Вучиќ.

Нагласи дека тоа е значајно, особено ако се земе предвид дека опозицијата во Нови Сад излезе во две-три колони, а излезноста е добра, 50 проценти.

Слични содржини