Вучиќ во кујна, прави палачинки: „Сите ми се смеат“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на социјалната мрежа Инстаграм се пофали со своите кулинарски способности.

Тој објави видео во кое подготвува палачинки, што според него е подготовка за денешниот меѓународен саем „Винска визија Отворен Балкан“, на кој што е домаќин.

– Ова е мој обид да се подготвам за пречек на голем број гости од странство за утрешниот саем на вино. Оваа подготовка нема да придонесе за мојата физичка кондиција и изглед, но секако сум среќен, напишал Вучиќ во описот на објавата.

Тој не бил задоволен од својата прва палачинка, па ја оставил за себе. При тоа успеал да ги покаже своите вештини за превртување палачинки.

-Сите ми се смеат. Им правев палачинки на Данило и на Милица и сакаа да бидат што погусти, што помалку успевав, вели Вучиќ во видеото на кое прави палачинки.

„Вучиќ во епизодата Тито пече палачинки“, „Затоа не можам да најдам работа, Вучиќ ми ја зеде“, „Вучиќ е подготвен за што било, дури и да ги покаже своите кулинарски способности“, се само дел од коментарите под објавата.

Слични содржини