Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска, одговарајќи на барањата на опозицијата, изјави дека изборите ќе се одржат најдоцна во септември. Тој рече дека на 26 мај, кога Српската напредна странка го најави собирот, за се ќе го информира народот.
„Ништо, не е проблем, дали сте за избори? На 26 мај го информирам народот, одиме на избори. Тоа значи дека одиме на избори најдоцна во септември. Само нема вие да бирате кои избор,и бидејќи ова не е фонтана на желби, а државата не е играчка, а за се останато, ако сакате да разговараме, спремни сме“, рече Вучиќ обраќајќи им се на претставниците на опозицијата.
Тој додаде дека за неколку дена повеќе нема да биде претседател на политичката партија. Тој рече и дека не му паѓа на памет да го менува министерот за полиција, Братислав Гашиќ, чија оставка е едно од барањата на опозицијата.