Вучиќ за демонстрантите: „Каде и да одат јадат само прасиња, свињите се плашат од геноцид“

од Nikola Popovski
64 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера ја посетил Бела Црква, место во Војводина. Тој се осврнал на неодамнешните настани во Петтата белградска гимназија, каде што директорката им забранила на учениците и наставниците да влезат во зградата, освен ако таа лично не ги повика да дојдат.

Учениците потоа одржале протест против неа, а во еден момент, на вратата од нејзината канцеларија бил залепен сендвич.

„На тоа се смееја разни будали. Разни будали уживаа на социјалните мрежи и тоа јавно. А јас, нема да верувате, не можев да спијам две ноќи поради тоа“, рекол Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.

„Нормалните луѓе јадат сендвичи“

„Не затоа што има некакви безбедносни импликации или не знам што. туку затоа што се запрашав: „Што ќе правиме утре?“ Сето ова ќе помине. Што и да планираат да направат со насилство, нема да направат ништо освен што некои од нив ќе бидат уапсени за насилство и ќе си го уништат животот“, додал српскиот претседател и повторно се обратил:

„Па јас вас ве прашувам, како ќе ја погледнете таа жена, како вашите родители ќе се осмелат да ја погледнат таа жена во очи и да кажат: „Ти си бот, ти си сендвичарка“ или не знам што“, нагласил тој.

Потоа ги прашал насобраните поддржувачи како да ги нарекуваат студентите кои протестираат.

„Како да ги наречеме? Прасечка или јагнешка бригада, бидејќи каде и да одат, јадат само прасиња. Кога и да пристигне овој протестен туризам, во кој град и да се сели, свињите и прасињата штрајкуваат насекаде и се плашат од геноцид. Дали треба да ги нарекуваме така? Не, ние не го правиме тоа. Да, нашите јадат сендвичи. Нормалните луѓе јадат сендвичи, што е проблем околу тоа?“, прашал Вучиќ.

Слични содржини