Очекувам во следните два-три дена јас и Курти повторно да одиме во Брисел. Наша задача е да ја заштитиме Србија од сите можни мерки и рушење на државните интереси и верувам дека ќе успееме, најави српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Никогаш не сме барале санкции против никого, никогаш. Сериозните земји и влади не се однесуваат така“, додаде претседателот говорејќи за неговата посета на Брисел.
Потоа се осврнал и на премиерот на Косово и опозицијата.
„Хистеричен пристап кон се, не веруваш какви луди работи читаш, никој со здрав ум не може така да зборува. Се што е лошо за Србија е добро за Курти, и за оние во Србија кои се против нас. Ним им е важно само Курти секој ден да зборува против мене. Битно им е да се направи нешто против Вучиќ, не ги интересира колкава штета ѝ нанесоа на Србија, видете колку насловни страници добија во Приштина. Да не зборуваме за употребените изрази. Само чекам да видам какво ќе биде нивното оправдување по овие избори“, наведе Вучиќ.