Вучиќ за разговорите во Брисел: „Сакаа да го окарактеризираат чинот во Бањска како терористички, но не им успеа“

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ѝ се обрати на нацијата по разговорите во Брисел.

Имено, Вучиќ бил гостин на Националниот дневник.

„Нема да биде лесно да се излезе, но ќе се обидам да им одговорам на граѓаните на Србија на најкраток можен начин.

 

Курти вчера изведе добар, но краткорочен трик. Нему му беше јасно дека Србија не може да го потпише тоа. Се обидуваше и претходно, вчера беше дефинитивно последен пат да го направи тоа затоа што не верувам дека тоа може да му помине повеќе. Тој за првпат имаше средби со претставници на европските сили и им ја презентираше идејата за потпишување на сите три документи. Но, тој знае дека лидерите на европските земји не го знаат секој детал. И така се обиде да го продаде трикот. Тој знае дека нема да одам под границите на Уставот на РС. Тој го понуди тоа. Јасно му е дека тој нема да исполни се, јасно е, но тоа беше финта да купи време и да добие уште неколку дена“, рече српскиот претседател, пренесе „Курир.рс“.

Тој се осврна и на коментарите во врска со настаните во Бањска.

„Имаше обиди од некои од нашето опкружување да зборуваат за мерки против Србија и да го окарактеризираат чинот во Бањска како терористички, но тоа не можеше да помине пред Европскиот совет. Благодарен сум на сите што го заштитија меѓународното право и ја заштитија регионалната стабилност и со тоа ја помогнаа позицијата. Мислам дека позицијата на Србија ќе продолжи да се зацврстува во наредниот период, по ужасните месеци зад нас“, истакна Вучиќ.

Слични содржини