Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, резимирајќи ги настаните од изминатата недела, денеска порача дека „ни треба мир, нормален живот за сите граѓани, понатамошен раст и развој на земјата и подобра иднина за нашите деца“.
„Планот е, соочени со предизвици, да работиме уште повеќе, да се обидеме да бидеме најдобри, да покажеме дека Србија сака дијалог и компромис, но и дека има свои принципи и очекувања.
Затоа ќе продолжам да разговарам со сите за се и да се борам уште посилно за Србија. Ќе ни треба многу енергија и многу повеќе единство, но ќе ја спасиме државата и народот и ќе истуркаме напред, затоа што тоа е единствениот начин! Да живее Србија!“, порача Вучиќ во пораката на својот Инстаграм профил, заедно со видеото од најважните настани во изминатата недела.