Вучиќ: Во светот владее голема нервоза, доаѓа една од најтешките пролети

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по повод војната во Украина изјави дека ситуацијата во светот е многу покомплицирана отколку што се мисли, како и дека претстои една од најтешките пролети во политичка и воена смисла.

Од Вучиќ во Нови Пазар беше побарано да го прокоментира тоа што претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјавил дека Западот ја зајакнува воената сила во Полска, како и дека планира инвазија на Белорусија, но и дека распоредувањето нуклеарно оружје во Белорусија може да ја заштити неговата земја.

„Ситуацијата е многу посложена и се гледа дека насекаде има голема нервоза. Лукашенко кажа некои работи за кои не сум сигурен дека би биле воодушевени ниту во Москва, а не сум сигурен дека се задоволни од второво на Запад. Се гледа дека им се брза и на Украинците и на Русите. Погледнете ја изјавата на претседателот на Кина, Си, кој заедно со Бајден е можеби најмоќниот човек на светот, во која вели дека неговата земја мора да биде подготвена за војна. Кога сето тоа ќе го соберете, јасно ви е дека ни претстои една од најтешките пролети, не само во политичка, туку и во воена смисла“, рече Вучиќ.

Слични содржини