Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, очекува следната зима да биде многу потешка бидејќи смета дека војната меѓу Русија и Украина ќе трае.
Запрашан за коментар за фактот дека „експертите се прашуваат дали рускиот претседател Владимир Путин ја користи зимата како оружје“, Вучиќ рече: „Не разбирам кој што користи, кој користи оружје на НАТО, секој користи сè што може. Путин го користи тоа што го има, овие другите го имаат тоа што го имаат, нема пардон во војна. Ниту оправдувам ниту критикувам, мораме да разбереме дека е војна, таа војна нема наскоро да заврши бидејќи кога многумина мислеа дека војната заврши и дека Украина победуваше, Русите почнаа подобро да се борат“.
Тој истакнува дека не мисли оти Русите имаат некоја предност бидејќи, како што објаснува, имаат многу помалку сојузници од Украина, значително помалку моќни сојузници од Украина и додава: „Почнаа подобро да се борат, тоа ќе трае подолго време и затоа реков дека очекувам следната зима да биде многу потешка од оваа и верувале или не можеби и таа после неа. Не се последиците во прашање, туку војната ќе трае цело време“.