Вучиќ за распоредот на седење во Давос: „Ме замолија да се префрлам, не сакав“

од Stefanija Kuzmanovska
245 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, смета дека српската делегација во Давос го направила она за што дошла, а тоа е да ја претстави Србија како добра дестинација за инвестирање.

Вучиќ се осврна и на распоредот на седење на панелот, што беше тема на некои медиуми. Имено, пишувањата се за тоа дека претседателот на Србија е одвоен од другите лидери.

„За разлика од некои други панели каде јасно се пишуваше името и презимето каде треба да се седи, овде тоа не беше случај“, рече тој во изјавата за медиумите по панелот.

Како што истакна, коментарите за распоредот на седење не се меродавни.

„Три пати ме замолија да се префрлам во првиот ред, јас не сакав. Ваквите коментари, особено кога имате тешки денови пред сериозни разговори, се дел од добрата забава за мене. Не е важно каде сум седнат, тоа е мој избор. Исто така, секогаш мислам дека тоа што го кажав е важно и верувам дека добро зборував за Србија“, рече Вучиќ.

Учесниците на панелот разговараа за предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан и потребата од зачувување на стабилноста, создавање услови за поттикнување на економскиот раст на земјите, а беше посочена и неопходноста од решавање на замрзнатите спорови.

Слични содржини