Американскиот режисер Вуди Ален верува дека американскиот претседател Доналд Трамп го создал најдобриот сатиричен хумор во земјата во последниве години.
“Има толку критики и поплаки за сметка на администрацијата на Трамп дека сето тоа стана најдобар и најголем извор за креативна сатира за последните години во САД”, изјави Ален (83) пред новинарите во Сан Себастијан, каде снимаше кадри за новиот филм.
Тој коментираше дека понекогаш невротичните тензии и тешките настани ги спречуваат луѓето да се изнасмеат.