Вулин: Да имаше Рама мозок, немаше да се слика под знамето на „Голема Албанија“

од Vladimir Zorba
401 прегледи

Денеска министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, повторно го критикуваше албанскиот премиер Еди Рама, велејќи дека немал да се слика под знамето на „Голема Албанија“ ако „имал мозок“.

„Ако Еди Рама имаше мозок, тој немаше да се обиде да направи „Голема Албанија“, ако имаше мозок, тој не би се сликал под знамето на „Голема Албанија“, а да се грижи за мирот во регионот, тој не би ги фалел убијците од т.н. УЧК и да се обидува да одреди кој ќе управува со Црна Гора“, рече Вулин.

Вулин додаде дека „Рама, кога би знаел што е образ, не би се обидел да ги прикажува“ српските манастири во Косово како наследство на албанскиот народ, во официјалните учебници отпечатени од неговата влада, објави српското Министерство за одбрана.

Слични содржини