Вулин: Големите сили ја фалат С.Македонија кога ќе ги послуша и ги повредува Србите, но кога има пожари, Србија прва помага

од Nikola Popovski
121 прегледи

„Како министер за полиција, секоја година испраќав луѓе и опрема за да ѝ помогнат на Северна Македонија да ги изгасне пожарите. Така е и денес, српските хеликоптери и пожарникари се борат со огнот за да ги спасат луѓето и имотите во Северна Македонија“, изјавил потпретседателот на Владата на Србија и поранешен министер на тамошната полиција Александар Вулин.

Тој потсетил дека Србија прва ѝ помага на Македонија во гаснењето на шумските пожари и покрај тоа што, како што рекол, а како што пренесуваат српските медиуми, Северна Македонија била коспонзор на антисрпската резолуција за Сребреница.

-Драги наши соседи, следниот пат кога ќе ве повика некој амбасадор и ќе ве замоли да гласате за нешто што длабоко ја навредува Србија, како лагата за геноцидот во Сребреница, сетете се кој беше тука кога гореше. Големите сили ве фалат кога ги слушате и ги повредувате Србите и Србија, но кога шумите почнуваат да горат, Србија е прва што доаѓа да помогне, порачал Вулин.

Српскиот вицепремиер истакнал и дека Македонците имаат убав јазик и дека во него треба да ги побараат зборовите кои означуваат чест, лојалност, благодарност.

Во последното деноноќие триесетина пожари на отворено, активни сè уште се 11. Борбата со пламените јазици продолжува, на терен се пожарникари, вработени во јавни и комунални претпријатија, армиски припадници се дејствува и со воздухопловна поддршка. Пристигна и најавената помош од земји од регионот, а српската токму утрово, како што претходно најави актуелниот министер на српската полиција, Ивица Дачиќ.

Слични содржини