Српскиот вицепремиер Александар Вулин изјави дека е убеден оти Србија никогаш нема да стане членка на ЕУ, велејќи дека Србија „со децении се обидува да се приклучи, па би било неодговорно да се каже дека тоа повеќе не е важно“.
Тој додаде дека српскиот претседател Александар Вучиќ изјавил дека во следните две до три години српските граѓани веројатно на референдум ќе бидат прашани дали Србија сака да стане членка на БРИКС или на ЕУ.
„Убеден сум дека никогаш нема да станеме членка на ЕУ“, рече Вулин.
Тој изјави дека желбата на Социјалистичкото движење, чиј основач е тој, е Србија еден ден да стане членка на БРИКС, но дека „тоа не е прашање што земјата може сама да го реши“.
Вулин рече дека е одговорен политичар и дека не може да зборува само за своите желби, туку и за она што е реално.