Вулканска ерупција кај Рејкјавик

од Vladimir Zorba

Вулкан избувна југо-западно од Рејкјавик, главниот град на Исланд, објави метеоролошкиот институт на таа земја.

Тие велат дека отворот е долг околу 500 до 700 метри на Фаградалсфал на полуостровот Рејкјанес. Последната ерупција е забележана пред околу 800 години.

Исланд во последните три недели забележа повеќе од 40.000 земјотреси.

Ерупцијата на друг вулкан, Ејафјадлајекидла, во 2010 година, го запре воздушниот сообраќај низ цела Европа.

Сепак, не се очекува ерупцијата на Фаградалсфал да испушти многу пепел или чад, затоа не треба да има нарушувања во авијацијата.

Исландскиот метеоролошки институт вели дека ерупцијата започнала во петокот околу 21:45 часот, што подоцна било потврдено преку веб-камери и сателитски слики.

Хеликоптер на крајбрежната стража беше испратен да ја истражува областа околу 30 километри од Рејкјавик.

Екипажот потоа ги испрати првите слики од лава што тече по вулканот по ерупцијата.

„Од својот прозорец го гледам блескавото црвено небо“, рече Ранвег Гудмундсдотир, кој живее во Гриндавик, на само осум километри од местото на ерупцијата.

„Сите овде седнуваат во автомобил за да се возат таму горе“, рече таа, според новинската агенција Ројтерс.

Земјотрес со јачина од 3,1 степени е регистриран на 1,2 километар од Фаградалсфал само неколку часа порано.

На Исланд, земјата често се тресе бидејќи се простира на две тектонски плочи, кои се движат во спротивни насоки.

Слични содржини