Редок модел на претходникот на говорното кино – хрономегафон измислен од Леон Гомон во 1902 година, беше продаден за 1,240 милиони евра на аукција во Франција. Го купи  претставник на компанијата “Гомон” (Gaumont), пренесе АФП.5560e972dbede

“Тоа е лудост, ова е светски рекорд за сите слични категории за киноапаратури”, коментира експерт по завршувањето на аукцијата во замокот на уметници, крај Тур.

Апаратот е “единствениот кој останал сочуван целиот со сите свои реквизити: сандаците, со кои бил пренесуван, и нивната содржина, постери и 14 звучни сцени, од кои седум со плочи, како и десетина неми филмови”, објасни истиот експерт пред продажба.

Купен во 1912 година за 8330 франци, (еквивалент на 2 милиони евра сега) хрономегафонот беше оценет на помалку од еден милион евра.

Машината е распределена во четири сандаци и тежи околу 450 килограми. До денес таа била чувана од семејството на првиот носител од Шарл Пруст од Тур. Тој имал на времето амбиција да ја побара среќата со обиколки на Мексико и демонстрирање фотосцени. Моделот му работел на 70, 110 или 220 волти.

Звукот снимен на фонограф и засилен, благодарение на воздушна пумпа, се синхронизирал со сликата од апарат наречен “Диригент”. Само околу 50 такви машини се произведени во Франција.

Пруст го реализира својот сон во Мексико, но авантурата му завршува брзо поради револуцијата во земјата. Екипата на првото говороно кино во Латинска Америка поминува низ Куба и оди во Костарика на 7 март 1913 година.

Потоа хрономегафонот се враќа во Франција и останува во кутии, додека не го продадат на оваа аукција, век по латиноамериканската авантура.

Слични содржини