За 23 отсто зголемен бројот на новозаразени од ковид-19 во земјава

од Берта Китинска
297 прегледи

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје од 1 до 7 март направени се вкупно 21.090 тестирања за ковид-19 и регистрирани се вкупно 4.463 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што е за 23 проценти повеќе во однос на претходната недела,

Речиси половина од новорегистрираните случаи се од Скопје – 2.160 или 48,3 проценти. Највисока неделна инциденца, според извештајот, е регистрирана во Неготино и Демир Капија.

Во извештајот се регистрирани заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапена, со 23 отсто, е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Најмал број новозаразени е регистриран кај децата од 0-9 и од 10-19 години. Во истиот период пријавени се 57 смртни случаи од 16 градови, што е за 17,4 отсто помалку во однос на минатата недела, покажува извештајот на ИЈЗ.

Поради зголеменото ширење на коронавирусот, по препорака на Комисијата за заразни болести, Владата вчера донесе одлука од денеска да биде воведен полициски час од 22 часот навечер до 5 наутро, кој ќе биде во сила до 22 март 2021.

Слични содржини