Забележан рекорден број на починати во изминативе 24 часа.По тој повод владата долучи да ги прифати новите предлог мерки од Комисијата за заразни болести.
Премиерот Зоран Заев истакна дека полицискиот час не дава резултати, но доколку има потреба ќе се воведе.
– Претпоставка е дека ако се донесе карантин или полициски час, тоа може само додека трае малку да ги намали бројките, но штом се укине повторно ќе се зголемат. Треба навистина да бидеме внимателни во целата оваа состојба. Во однос на мерките, ние преземаме мерки кои се преземаат насекаде во Европа, насекаде низ регионот, ние не правиме некакви драматични отстапки од тие мерки. Со сите овие мерки се трудиме да ја одржиме економијата, посочи Заев во изјава за Сител.
Тој исто така прокоментира за новите мерки кои денеска беа изгласани на владина седница, а кои се очекува утре да бидат објавени во Службен весник и со тоа да стапат на сила.
Рекорден број починати-24 луѓе за 24 часа
Во изминатите 24 часа регистриран е рекорден број починати- 24 луѓе, од кои највозрасните 82 години, а најмладиот на 37 години
Нови ковид мерки
Во кафеана до 21 часот, без групирање и без непотребно излегување во текот на вечерните часови. Ова се новите мерки кои ги усвои Владата на денешната седница за спречување на ширењето на коронавирусот. Се скратува работното време на угостителските објекти, кои ќе треба да затворат по 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна, а се забранува и групирање на повеќе од четири лица. На граѓаните им се препорачува во вечерните часови да останат дома.
Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.
Владата соопшти дека е донесна и препорака за граѓаните да не се групираат во домовите по повод семејни прослави, слави или други собири во групи поголеми од четири лица, кои не живеат во иста заедница.
Сите кои се на боледување поради ковид ќе добиваат цела плата
Вработените лица кои имаат симптоми или се заболени од ковид-19 и лица кои се во изолација, но се асимптоматични, а за кои е констатирано дека се заболени од ковид-19, ќе ја добиваат целата основица од платата иако се на боледување поради привремена спреченост за работа.
Ваква одлука донесе Владата на денешната седница и им препорача на организациите утврдени со закон, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и на општините, на Градот Скопје и општините во Градот Скопје да постапат идентично.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 33908, бројката на оздравени пациенти е 21665, на починати е 1049, а бројот на активни случаи изнесува 11194.