ЗА 24 ЧАСА: Хоспитализирани 31 пациент во ковид центрите во Скопје

од Берта Китинска
150 прегледи

Во изминатите 24 часа се хоспитализирани 31 нов пациент поради компликации од коронавирусот и сега на инфективните оддели во градот се лекуваат вкупно 476 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 11 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за неврологија и на Клиниката за гастроентерохепатологија, еден пациент на Кожната клиника и шестмина на ТБЦ.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти, а на  Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 8 болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 45 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центарот на Кожната клиника се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 42 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести 11 пациенти, а на ОРЛ 21 болен. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 110 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 44 пациенти.

Голем дел од пациентите во скопските ковид центри се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 45 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.