За 24 часа се хоспитализирани 42 пациенти позитивни на Ковид-19

од Берта Китинска
329 прегледи

Oд Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

Вкупно 499 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

-Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 22 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, четири болни се хоспитализирани на  ОРЛ, тројца пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија и исто толку на очната клиника. По четири нови болни биле примени на Институтот за ТБЦ и на Клиниката за неврологија, велат од Министерството.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени 10 болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.

-Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 33 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести 14 пациенти, а на ОРЛ 27 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти, дополнуваат од Министерството.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 110 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 161 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент, од кои 8 деца и 23 возрасни.

Вкупно 499 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Од Министерството за здравство велат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Слични содржини