Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 00,00 до 24,00 часот издадени се потврди на вкупно 4.481 странски државјани, од кои 2.060 се од машки пол, 914 се од женски, 1.195 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 312 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

мигранти

Од МВР соопштуваат дека, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија (2.311), Авганистан (1.491), Ирак (679), додека другите се во помал број.

Македонија ќе ги враќа во Грција бегалците кои ќе бидат протерани од ЕУ

Во соопштението се наведува дека во текот на вчерашниот ден, до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Министерството за внатрешни работи утринава соопшти дека состојбата на границите е редовна, при што не се забележани значителни промени или вонредни настани. На границата со Грција има неколку илјади лица од кои се пропуштаат само мигранти од Сирија, Авганистан, и Ирак, додека на северната граница нема поголеми задржувања, а во транзитниот центар Табановце нема стационирано мигранти.

 

МЕТА

Слични содржини