За три дена треба да стане јасно дали ќе има предвремени избори во Грција. Тоа е рокот во кој опозицијата може да преговара за влада, пишува The Guardian.
Синоќа премиерот Алексис Ципрас поднесе оставка и рече дека очекува нови избори. Законот, сепак предвидува мандатот за составување на влада да биде даден на останатите партии во парламентот.
Привремениот лидер на најголемата опозициска група – “Нова демократија”, дава сигнали дека ќе се обиде да формира кабинет. Повеќето аналитичари не веруваат дека “Нова демократија” или друга опозициска партија ќе формира влада. Најверојатно сценарио е опозицијата да се откаже од обидите, а изборите да бидат на крајот на септември.
До оваа ситуација се стигна по бунт на пратениците на СИРИЗА против премиерот Ципрас. Тој ја промени целосно позиција за односите со кредиторите на Грција. Ова доведе до несогласувања во партијата и практична губење на мнозинство во парламентот.
Лидерот на грчката најголема опозициска партија Нова демократија Вангелис Мимаракис изјави дека со распишувањето избори, премиер Алексис Ципрас бега, а не поднесува оставка.
– Ципрас бега. Тој се обидува да избегне дилеми, духот на Лафазанис, кој лебди над него. Тој има големо чувство на вина како наводно стар левичар, изјави Мимаракис на синоќешната прес-конференцијата, која ја одржа откако Ципрас објави предвремени избори.
Тој рече дека ако премиерот навистина успеал, тој не би имал никаква причина да се впушта во избори.
– Тој се откажува, тој го предава оружјето, го фрла штитот. Во овој момент јас дури и не сакам да се сретнам со него. Лафазанис има поголема етичка предност, истакна тој.
Мимаракис, исто така, изјави дека преку прелиминарните мандати ќе ги исцрпи сите можности за да се најде решение преку актуелниот Парламент, прво со средба со лидерот на Потами Ставрос Теодоракис, а потоа и со лидерот на ПАСОК Фофи Генимата. Тој, исто така, рече дека со членовите на партијата ќе разговара за можноста за средба со Златна зора, Комунистичката партија, Независни Грци и со Лафазанис, како лидер на нова партија.
Мимаракис нагласи дека ќе го искористи уставното право на неговата партија да се обиде да формира влада, па дури и малцинска администрација, се цел да се избегне во грција да се одржат предвремени избори следниот месец. Тој уште денеска ќе се сретне со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, кој ќе му даде мандат да формира влада.
