За 36 часа Амазон заработи 2 милијарда долари

од Vladimir Zorba
91 прегледи

За „Prime Day” американската платформа за онлајн тргување Амазон заработила 2  милијарди долари.

100 милиони производи се купени ширум светот, пренесува b92.

Тоа доведе до зголемување на цената на акциите за 0.5%, и тие на Волстрит се тргуваа за 1.858,88.

Најмногу се продавале телевизори, далечински управувачи и паметни звучници.

„Prime Day” оваа година почна на 16 јули и траеше 36 часа.

Амазон досега во САД продала над милион паметни уреди.