За 6 часа, 52 возачи во Крива Паланка возеле пребрзо

од Nikola Popovski
295 прегледи

Полицијата информира дека по спроведена засилена акциска контрола на подрачјето на Крива Паланка, од 12 до 18 часот, санкционирани се 52 возачи поради брзо возење.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.