За 6 месеци да се зголеми минималецот на 18.000 денари, велат од ВМРО-НП

од Vladimir Zorba
208 прегледи

ВМРО-Народна партија со внимание ја следи дискусијата помеѓу Сојузот на синдикатите, Владата и организацијата на работодавачи и во таа насока смета дека не е добро дополнитено да се заоструваат односите туку да се побара компромисно решение.

Ценејќи ги тешките социјални услови зголемени со стапката на инфлација и порастот на цените, а од друга страна и не толку сјајната состојба на македонската економија ВМРО-Народна партија го дава следниот предлог.

Минималецот да се зголеми на 16.000 денари, веднаш, а во исто време да се договори ново покачување на 18.000 денари после шест месеци.

Се надеваме дека нашиот предлог ќе биде внимателно анализиран.

Слични содржини