Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека падот на настрешницата во Нови Сад не била несреќа, туку диверзија за да има повод за протести.
„Јас денес, ако ме прашате дали мислам дека настрешницата паднала, дека тоа било несреќа? Не… Не мислам така. Мислам дека сето тоа е организирано, планирано и мислам дека е урната како почеток на обоената револуција“, рече Брнабиќ.
Таа додаде дека иницијативата за советодавен референдум за импичмент на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е во тек во Народното собрание и дека пратениците лесно би можеле во рок од еден час, да иницираат советодавен референдум.