237
На територијата на град Скопје вчера, во рамките на засилените полициски контроли, изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои 59 за возење повеќе од дозволената брзина, 15 за возење без возачка дозвола и четири за технички неисправни во јавен превоз.
Исто така, изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, шест мерки за возачи на мотоцикли, две за некористење сигурносен појас и 14 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.