За да го победиме Арсенал ќе ни треба нешто повеќе, смета Тухел

од Vladimir Zorba

Тренерот на Баерн (Минхен), Томас Тухел сака неговите играчи да бидат беспрекорни на претстојниот реванш против Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Првиот натпревар на „Емирати“ заврши 2:2 со што екипите се враќаат на стартните позиции.

Тренерот најави дека Мануел Нојер и Лерој Сане ќе можат да учествуваат во реваншот. Сане се жали на болки, но поради посериозните повреди на Гнабри и Коман, кои се надвор од теренот, ќе мора да стисне заби, објасни Тухел.

„Уште еднаш ќе ни треба се: страст, посветеност и истата тактичка дисциплина од првиот меч. Навистина сакаме да победиме – особено во позадина на тешката ситуација со многуте повредени. Многу е важно да чувствуваме поддршка од нашите навивачи, што ќе не турка напред. Дефинитивно ќе ни треба повеќе за да го победиме Арсенал“, изјави Тухел.

„Шансите се 50/50. Сакаме да стигнеме до полуфиналето по долго отсуство и потоа да го освоиме трофејот. Јасно е дека успехот на турнирот ја прави секоја сезона подобра. Сега мораме да ја надминеме нашата граница и ни треба секој навивач“.

„Со Сака и Одегор на теренот, противникот ги започнува нападите главно по десно крило. Целта е таму да се постигне нумеричка супериорност, а потоа или да се пробие до голот или да се префрли топката на другата страна од теренот. Фудбалерите на Арсенал постојано ги менуваат позициите. Во првиот натпревар бевме внимателни и добро се снајдовме, но тоа беше само првото полувреме. Сега ни треба истото, и да се надеваме дека домашниот терен ќе биде одлучувачки фактор“.

„Имаме мала предност во однос на турнирското искуство. Но, за да стане клучна предност, треба да прикажеме игра на врвно ниво, бидејќи најголем дел од искуството значи не повеќе од 5% предност. За да се пласираме во полуфиналето не е доволно само да се биде на ниво, туку нешто повеќе“, додаде тренерот на Баерн.

Слични содржини