За да им се признае сертификатот, вакцинираните во Србија треба дa ги внесат податоците и тука

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче  денеска информираше дека граѓаните, кои се вакцинираа против ковид-19 во Србија или во која било друга земја, може да отидат во некој од вакциналните пунктови кај нас  и да ги внесат податоци и во нашиот систем.

-Причината зошто треба физички да дојдат е да се дадат веродостојни податоци и да им се идентификува идентитетот дека се навистина тие граѓани што се пријавуваат, а со цел да можеме да разговараме и за апликацијата  комун пас и европскиот сертификат, тие сертификати што ги добиле во други земји да бидат признаени и ние да ги признаеме во нашиот систем и да добијат ист таков европски сертификат како граѓаните што се вакцинирале кај нас, објасни Филипче.

Трета доза во земјава ќе може да примат и оние кои претходно се вакцинирале во странство, но за тоа ќе треба да се пријават во кој било пункт во земјава за да се внесат нивните податоци.

Слични содржини