За да имате квалитетен сон, избегнувајте да ги правите овие работи пред спиење

од Stefanija Kuzmanovska
394 прегледи

Спиењето е биолошка потреба, а препорачаниот период варира од личност до личност. За некои, потребно е 8-9 часа спиење дневно, додека за други потребни се 5 часа.

Меѓутоа, она што е обединувачко е фактот дека тој е исклучително важен. А знаете ли дека дури да спиете и 15 часа, ако се будите на секои 20 минути, воопшто нема да сте одморени?

Eдно нешто е јасно: не треба да се лишуваме од сонот, бидејќи тој е еднаков на здравје и добро расположение.

Често, сепак, намерно правиме мали грешки кои можат да му влијаат на квалитетниот сон. Еве што не треба да правиме, за да уживаме во целосен одмор:

Ги оставате светлата

Светлината ја нарушува способноста на епифизата да произведува мелатонин. Светлината може да помине директно преку оптичкиот нерв кон хипоталамусот, кој го контролира вашиот биолошки часовник, кој му сигнализира на мозокот дека е време да се разбудиме. За да го спречите ова, едноставно исклучете ја светилката.

Гледате на телефонот во кревет

Синото светло го пренасочува вашиот биолошки ритам во погрешна насока. Телото има потреба од темнина за да произведува мелатонин, што помага за добар сон.

Работите во кревет

Не го користете креветот како канцеларија за да одговорате на телефонските повици и пораките. Тој треба да ја игра улогата на место за одмор, а не да предиспонира кон загриженост.

Гледате телевизија до премногу доцна

Телевизорите испуштаат сино светло, кое влијае на нивото на мелатонин повеќе од било кое друго светло. Друг проблем е тоа што гледате. Шансите се филмот или доцното шоу да бидат постимулирачки, отколку што мислите.

Вежбате

Вежбањето во вистинско време е од суштинско значење за спиење ноќе. Иако е докажано дека ви помога да спиете, тоа може да ве направи побудни. Медицинскиот центар на Универзитетот Мериленд препорачува избегнување на активни вежби најмалку два часа пред спиење.

Јадете пред спиење

Хранењето предизвикува секреција на киселина во стомакот, која потоа оди до хранопроводот. За да се ослободите од неа, се будите и тоа значи немирен сон. Затоа, јадете најмалку 3 часа пред спиење.

Слични содржини