За да не се вратат сите одеднаш: Aдминистративците ќе можат да земат одмор

од Берта Китинска
416 прегледи

Епидемиолошката состојба во земјава се подобрува. Поголемиот дел од државните институциите веќе работат со полно работно време.

Заменик-министерот за здравство Илир Хасани смета дека е време административците да се вратат на работа, но да не се брза со оваа идеја и за почеток тие да ги искористат годишните одмори.

„Мислам дека е време, полека да се вратат сите административци на работа. Идејата е поради пандемијата да се користат годишните одмори. МЗ дозволи да се користат годишните одмори од страна на вработените особено во Здравството, така што враќањето треба да се одвива бавно, да не биде нагло. Мерките ќе бидат апсолутно контролирани од МЗ“, посочи Хасани, одговарајќи на новинарско прашање пред неколку дена.

Слични содржини