За дури недела дена ќе ги имаме првите резултати за загаденоста на воздухот во Трубарево

Се забележува дека со согорувањето на литиумските батерии и пластика се формираат гасови и честички и дел од нив се трајни органски загадувачи

од Nikola Popovski
69 прегледи Фото: Принтскрин

Научниците истражувачи од лабараторијата АМБИКОН при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за седум дена треба да ги имаат првичните резултати од мерните станици за квалитетот на воздух, кои вчера ги поставија во скопско Трубарево, каде што завчера во пожар изгоре депонија за електронски отпад. Ректорот на УГД и раководител на лабараторијата АМБИКОН, Дејан Мираковски вели дека поставени се два уреди, коишто континуирано, 24 часа, наредните пет денови ќе земаат проби од честичките кои подоцна ќе бидат анализирани. Едната мерна станица се наоѓа на педесеттина метри, а втората е на стотина метра од складиштето за рециклирање на електронски отпад и пластика, на компанијата Ф-Групација во Трубарево, кое изгоре во саботата.

Мираковски вели дека ќе се анализираат 32 елементи, како и никел, кадмиун, арсен, олово и жива.

-Анализите вклучуваат целосен хемиски состав-елементарен состав на честичките, како и дополнително се анализираат водорастворливите јононитрати, сулфати, амониуми, хлор, калиуми елементарен јаглерод. Тоа е стандарден сет на анализи коишто ќе ни овозможи заедно со метлите, вклучително и регулираните метали да направиме проценка на квалитетот на воздух во наредните неколку дена, рече Мираковски.

Тој посочува дека во моментов не може да се определи зоната на дисперзија на честичките што се ослободени во воздухот. Тоа зависи од количината и видот на матрејалот што изгорел, но и од атмосферските услови. Првична проценка тешко може да се направи, бидејќи, како што вели Мираковски за МИА се уште нема точни информации што точно имало во складот.

Забележува дека со согорувањето на литиумските батерии и пластика се формираат и гасови и честички и дел од нив се трајни органски загадувачи.