102
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.03.2023) на територија на град Скопје изрече вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
-Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, нагласија од МВР.