165
Вчера во 18.50 часот 33-годишна кумановка пријавила дека околу 14.00 часот во Куманово во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.Т.(40) од Куманово.
Истиот ден во 19.10 часот С.А.(39) од Гостивар пријавил дека околу 17.30 часот во Гостивар бил физички нападнат од Ф.А.(48) и Ј.А.(27), со кои е во роднинска врска.
Денеска, пак, во 01.50 часот на подрачјето на Кисела Вода од полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода бил лишен од слобода Ш.У.(34) од Скопје поради тоа што околу 01.00 часот во домот со стаклен предмет физички го нападнал неговиот 28 годишен брат и му се заканувал со остар предмет.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветени поднесоци, соопшти МВР.