Во земјава вчера беше регистриран најголем број на новозаболени од Ковид -19 од почетокот на пандемијата. За едно деноноќие имаше 364 нови случаи.
Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 28 септември до 4.
октомври покажуваат дека бројот на починати од Ковид-19 во Македонија за една недела
се зголемил за 7,1%.
Пријавени се 30 смртни случаи, 7,1% повеќе во однос на претходната недела.
Во однос на возраста, 24 лица биле над 60 години, а 6 лица на возраст од 50-59 години.
29 од случаите биле хоспитализирани, а само едно лице од починатите не било
хоспитализирано.
Комисијата за заразни болести предложи сет на рестриктивни мерки, но засега не се размислува за воведување полициски час.
Дел од мерките што ќе бидат доставени до Владата се носење на маска на отворено, забрана за поголеми семејни прослави во домашни услови и групирање на јавни простори по 22 часот. Во еден дом ќе биде дозволено сопствениците да примат само четворица на гости. Мерките нема да важат за децата до шест години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19777, бројката на оздравени пациенти е 15855, на починати е 775, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3147.