За ,,Фокус” Јанчев ги открива деталите за дружбата со Вице Заев!

од desk2
455 прегледи

Фотографија на која што градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев е во друштво на повеќе лица, помеѓу кои и бизнисменот Вице, брат на премиерот Зоран Заев, предизвика лавина од коментари во одредени медиуми и на социјалните мрежи, пишува Фокус.

Разни теории на заговор, обвинувања за наводни договори за тендери, тајни бизнис релации помеѓу Јанчев и Заеви и тврдења како тие заедно го слават верскиот празник Василица, ковајќи некакви планови, го преплавија интернетот. Но, за волја на вистината, фотографијата која што стана топ тема на разговор деновиве е направена минатата година, во јануари, во зимскиот ски центар Банско, каде што сосема случајно дошло до средба помеѓу Јанчев и Заев. Во нивно друштво е и градоначалникот на Неготино, Тони Делков, кого што по некоја случајност, јавноста најверојатно не го забележа, ниту пак го искоментира неговото присуство.

Деновиве, кавадаречкиот градоначалник повторно е во соседна Бугарија, на зимски одмор со семејството, но овој пат наместо во Банско, сместен е во Боровец. Во телефонски разговор за ,,Фокус” открива дека не може да ја сфати фамата која што ја предизвика заедничката фотографија со Вице, и не гладал ништо спорно во тоа луѓето да се дружат, без оглед на тоа на која политичка партија припаѓаат.

-Со Вице Заев случајно се сретнавме лани, ова време во Банско. Бевме поголемо друштво, Банско е мало место и нормално е дека средбите помеѓу нас, Македонците таму се нешто сосема природно. Учтиво се поздравивме, седнавме на маса како цивилизирани луѓе. Јас лично никогаш во приватниот живот не сум ги делел луѓето според тоа дали се од ВМРО, СДСМ, ДУИ… Од каде тоа непишано правило дека треба да се дружат само луѓе од иста партија? – прашува Јанчев.

Целиот текст ТУКА