Владата вчера го објави списокот на компании кои добиле државна помош, а не исплатиле плати на вработените во декември.
На списокот се најдоа фирми кои се занимаваат со трговија на големо, трговија на големо и мало со моторни возила и мотоцикли и услужни дејности.
Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во четвртокот информира дека се пратени опомени до компаниите, и предупреди доколку не ја исплатат пмошта, ќе следи присилна наплата со блокада на паричните средства на нивните сметки и пренос на средствата на сметките на вработените и уплатните сметки на УЈП.
Според Законот за финансиска поддршка во услови на здравствена криза, за компаниите кои за октомври, ноември и декември зеле државни субвенции, а не им исплатиле плати на вработените, следат глоби: од 500 до 1000 евра на микро– правно лице, од 500 до 2000 евра за мало правно лице, од 1.000 до 6.000 евра за средно и од 1.000 до 10.000 евра за голем даночен обврзник.