Премиерот Никола Груевски во Скопје, а претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, во Крушево ќе го одбележат 2 Август, Денот на Републиката. Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ќе одржи говор во Пелинце.
Од Кабинетот на претседателот на државата, пак, велат дека по повод 2 Август, Иванов ќе присуствува на централното одбележување на државниот празник Илинден во Крушево
Груевски, според предвидениот протокол, ќе положи свежо цвеќе пред спомениците на АСНОМ, на Методија Андонов-Ченто и на Никола Карев, по што ќе одржи и говор.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пак, со делегација, на 2 Август ќе присуствува во Пелинце. Заменик-претседателката на партијата, Радмила Шекеринска, ќе биде во Крушево, а потпретседателот Дамјан Манчевски – во Скопје.