За излез преку „Табановце“ се чека околу 40 минути

од Nikola Popovski

АМСМ информира дека на ГП Табановце денес има зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути.

-На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, велат од таму.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што  има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Согласно владината одлука од денеска за влез и излез од земјава патниците на граничните премини треба да приложат потврда за двојна вакцинација, негативен пцр или негативне антиген тест или пак потврда за прележан ковид 19 во последните 45 дена. Гужвата е резултат на потребата од потпишување изјави  за транзит од странски државјани или пак за домашна самоизолација.

Слични содржини