За излез преку Табановце се чека околу половина час

од Nikola Popovski

Авто-мото сојузот на Македонија информира дека на ГП Табановце, се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути.

-На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, велат од таму.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини