Францускиот предлог е нокаут за македонската дипломатија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи ги информациите што се објавуваат во дел од медиумите дека со тој предлог бугарските услови би влегле во преговарачката рамка.
Мицкоски за Канал 5 рече дека изборот е или да се „бугаризираме“, или никогаш земјата нема да биде дел од Европската унија.
Бадијала Христијан Мицкоски глуми, бара оправдувања за тоа што ја поддржа Резолуцијата на Европската народна партија со ставовите на Бугарија, се вели во партиското соопштение на СДСМ.
„Мицкоски е лажен патриот и ништо повеќе, нема основно чувство за државност.Боксерскиот речник на Мицкоски очигледно му е наследство од Никола Груевски, но реалноста е дека токму Мицкоски ги поткопа државните позиции со прифаќањето на Резолуцијата на ЕПП со бугарски ставови, односно по неговиот речник зададе сериозен удар на државните позиции.Мицкоски дома глуми патриот а надвор поддржува документи кои ги поткопуваат меѓународните позиции.Исто како што пред поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, со рачињата на маса, засрамен велеше дека го поддржува Договор, или поточно дека „го поткрепа”,велат од СДСМ.